Втор случај на граѓанин нападнат од контролор во ЈСП

Неодамна скопјанец пријави недолично однесување и физичко насилство од страна на вработен во ЈСП како контролор.

Во дневниот Билтен на МВР денеска е евидентиран уште еден таков настан.

На 09.09.2018 година во 11.00 часот во Полициската станица Драчево, Г.М.(56) од село Марино, скопско, пријавил дека истиот ден во 07.20 часот во автобус на ЈСП Скопје бил навредуван и физички нападнат од страна на контролор во ЈСП. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

- Реклама -