Жизел Бундхен е вистинска супер-мама!
Супермодел= супермама! Барем кога е во прашање славната манекенка Жизел Бундхен. Откога го снимила едиторијалот за костуми за капење, се вратила на својот „реален“ живот и мајчинските обврски.
На Коста Рика не можеше да ги избегне папараците, а познатата убавица уживала на сонцето играјќи со својата ќерка Вивиан. Дури и возела мотор на четири тркала додека во едната рака ја носела својата заспана убавица.
Жизел е позната по својата добра линија и здрав начин на живот, а често и на својот Инстаграм профил споделува совети за диета или објавува фотографии на кои вежба јога. И малата Вивиан ја превземала здравата навика на својата мајка, па изгледа дека ќерката ѝ станала најдобро друштво.