Џенифер Анистон се најде како лидер на листата за најлошо облечени ѕвезди на доделувањето на наградите „Златен глобус“.
На модните критичари никако не им се допадна изборот на тоалета на Џенифер и тие ја опишаа како здодевна и старомодна.
Анистон беше облечена во едноставен црн фустан, кој за жал и донесе доста негативни коментари. Досега, сепак Џенифер Анистон не го коментираше фактот дека е една од водечките имиња во рангирањето за најлошо облечени актерки , заедно со скандалозниот зелен фустан на пејачката Лана Дел Реј, бизарно декоративниот појас на Кејт Мара и исто толку здодевниот црн фустан на Робин Рајт.
Актерките од популарната серија „House of cards“ паднаа на предизвикот.