Колку пати ви се случило вашата омилена бела поткошула или маица да добие грда розева, сива или жолтеникава нијанса од која никако не можете да се ослободите? Токму од овој проблем ќе можете да се решите со само една состојка од вашата кујна – лимонот.
Освен што е преполн со витамини, лимонот има неверојатно широка намена. Една од нив е и избелување на посивените материјали. Сакате на природен начин да ја вратите белината на вашите алишта, пешкири или завеси? Тогаш пробајте го следниов рецепт што побрзо:
Потребни материјали:
-Лимон
-Вода
-Длабоко тенџере
Подготовка:
-Наполнете го тенџерето со вода до половина;
-лимонот исечете го на кришки и додајте ги во садот;
-водата ставете ја на оган додека не зоврие и потоа тргнете ја;
-додадете го парчето облека кое сакате да го избелите, доволно долго за да ја впие смесата;
-после еден час, ткаенината ставете ја во машина за перење и исперете ја на висока температура.