Враќање во 80-тите со Џеиска Алба: Моден погодок или УПС?

Џесика Алба е една од жените, кои што можат да направат секоја тоалета да изгледа стилски, убава и модерна.

Таа има совршено тело и може да си дозволи да облече што сака и сепак да ги привлече погледите кон себе. Сепак, 33-годишната мајка на две деца се појави во чуден аутфит за време на својата прошетка низ Њујорк. Актерката имаше  комбинација на широки алишта и шарени принтови –  која не им оди во прилог на многу жени.

Таа сепак се обложи на широките панталони со висока половина, црн краток топ и црно елече. На целокупната визија бринетата имаше додадено „студени“ чизми, што ги збунија модните критичари. И овој пат актерката претпочиташе полесна шминка за својата прошетка. Таа ретко носи тешка шминка, дури и на црвениот килим. 

Дали ви се допаѓа стрит визијата на актерката?

article-0-2073276900000578-527_634x997 article-0-2073276D00000578-347_634x592 article-0-207324BB00000578-120_634x824

- Реклама -