Џесика Алба е една од жените, кои што можат да направат секоја тоалета да изгледа стилски, убава и модерна.
Таа има совршено тело и може да си дозволи да облече што сака и сепак да ги привлече погледите кон себе. Сепак, 33-годишната мајка на две деца се појави во чуден аутфит за време на својата прошетка низ Њујорк. Актерката имаше комбинација на широки алишта и шарени принтови – која не им оди во прилог на многу жени.
Таа сепак се обложи на широките панталони со висока половина, црн краток топ и црно елече. На целокупната визија бринетата имаше додадено „студени“ чизми, што ги збунија модните критичари. И овој пат актерката претпочиташе полесна шминка за својата прошетка. Таа ретко носи тешка шминка, дури и на црвениот килим.
Дали ви се допаѓа стрит визијата на актерката?