Вработените од „Фени“ протестираат пред судот во Велес

Поголема група вработени во „Фени“ денеска се собраа пред судот во Велес, каде тееба да се одлучи за нов сопственик на фабриката. Собраните работници порачуваат дека поддржуваат сегашниот закупец ГСОЛ да стане и сопственик, сметајќи дека во спротивно, тие нема да ги добијат работничките права и платите и дека фирмата ќе влезе во ликвидација.

Поддршка на своите поранешни колеги дава и пензиониран работник од „Фени“, кој заедно со нив е излезен пред велешкиот суд. Присутните порачуваат дека е доста од манипулации и дека конечно вработените треба да бидат сигурни и безбедни и дека никој не смее да си поигрува со нивните судбини.

Прочитајте и:  Китанова ја доби наградата Гран при за литература на 57. Детски Рацинови средби
- Реклама -