Од компанијата „ЕВН Македонија“ известуваат дека е завршено прилагодувањето на сите броила и со тоа е воведена евтината струја во сите домаќинства.
Приспособувањето на броилата започна од 25 септември и траеше до 24 октомври, со што враќањето на евтината струја е реализирано и веќе сите домаќинства во Република Македонија можат да користат евтина тарифа од 14 до 16 часот секој работен ден и сабота.
Останато е уште приспособувањето на броилата во викендиците и во домовите на исселените лица, кои во периодот на прилагодување не биле во станбениот објект.