„(Вон)земјанинот Ли“ награден во Индија – Погледнете го целиот документарец

Краткометражниот документарен филм „Вонземјанинот Ли“ во режија на штипјанецот Сашко Потер Мицевски, доби награда за најдобра монтажа на документарен филм на фестивалот „Delhi Shorts International Film Festival“ кој се одржа во Индија.

Ова е прва награда за „Вонземјанинот Ли“ кој досега беше прикажуван на повеќе интернационални филмски фестивали.

Популарниот штипски бездомник Мики Ли Трајчевски нормално е во главна улога, режијата и монтажата се дело на младиот и талентиран Сашко Потер Мицевски, директор на фотографија е Наум Доксевски, извршен продуцент Илија Циривири и продуцент Лазар Секуловски.

Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје и Квазар Филм ппродукција. Ова филмско остварување премиерно беше прикажано лани во Кино „Фросина“, Скопје, а потоа следеше и проекција во Штип.

Прочитајте и:  Цветиновата награда за мир доделена на СОС Детско село

Мицевски е дипломиран монтажер на филмска и телевизиска монтажа на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а неговото знаење и вештини ќе ги надополнува на „National Film and Telrvision sxhool“ во Англија, на кадедрата за дизајн на звук за филм и Тв.

Сашко моментално работи на нов документарен филм „Сите ќе умреме“ , а истиот ќе биде сниман во Штип.

- Реклама -