Актерот Хју Џекмен кажа во едно интервју дека голема желба му е неговиот лик Волверин да се приклучи на тимот на „The Avengers“.
Иако ова сценарио е речиси невозможно, бидејќи Вoлверин е во сопственост на „Fox“ a „The Avengers“ на студиото „Marvel“, актерот на губи надеж.
-Разговарав со Том од Марвел, кој е задолжен за сите нивни креации и работа со другите студија, и тој ми кажа „Слушај, ќе биде многу тешко, бидејќи секое студио сака дел од колачот, но ќе дадеме се од себе“, изјавил Џекмeн.
Актерот дури и се понудил да им го реши проблемот, да ги поделат трошоците на еднакви делови меѓу студијата и на истиот начин да го поделат и профитот.
Џекмeн не е првиот актер кој би сакал ова да се оствари. И Ендрју Гарфилд кој го толкува Спајдрмен, рекол дека би сакал да се приклучи на „Осветниците“ во еден од филмовите.
На крајот останува само надежта на обожавателите, дека ќе се сними едно продолжение со сите актери кои се дел од оригиналниот стрип.