Волшебни локации, налик земјен рај

Летото е сезона во која што се патува најмногу и како целата наша природа да е отворена за авантури. Кој не би сакал да го прошета светот и да собере толку многу спомени и слики за разгледување во студените зимски денови.

Погледнете некои навистина волшебни места кои ви посакуваме да ги посетите.

Жешките извори на Јелолстоун и неверојатните бои  со кои што е е обоено ова неверојатно место се нешто што навистина вреди да се види барем еднаш во животот.


Златниот храм во Шведагон, Мјанмар  претставува 98-метарски позлатен будистички храм. Некои историчари сметаат дека храмот е стар околу  2500 години – ние пак сметаме дека тоа е една од најубавите градби кои сме ги виделе.

Прекрасната  кинеска пештера во Гуилин
Оваа пештера се смета дека е стара цели 180 милиони години. Таа е една од најубавите пештери на светот, а светлото во неа ја прави волшебна.

 Реткиот вид дрвја „Крвта на змејот”, Јемен

Интересното име на овие дрвја доаѓа од црвената  смола. Месноста во која се наоѓаат е толку убава што вреди да се ужива во глетката.

 Водопадот „Викторија”, Замбија

Уникатниот водопад се наоѓа на околу 1.000 метри надморска височина. Од маглата,  реката за миг се претвора во стихија, која може да ви остави без зборови.

 Мачу Пикчу, Перу

Дворците, храмовите и домовите на ова небесно место се наоѓаат на  2 430 метри надморска височина на Андите. Нарекуван е уште „Изгубениот град на Инките” мистично повикувајќи не,  некој ден да се изгубиме во неговите убавини.

 Американски Девствени Острови, Сент Томас

Егзотика, убавина и слобода. Што поубаво од тоа да си украдеш неколку рајски дена и да ги поминеш таму?

- Реклама -