Војник на оригинален начин и се осветил на девојката која што го изневерила

Писмото на војник, кој што на својата девојка на фин начин и го возвраќа ударот, поради наеверство се прослави низ светот и наиде на позитивни коментари од страна на читателите.Имено, еден американски маринец бил респределен во Авганистан, а додека војувал добил писмо од својата девојка. Во писмото таа му објаснила дека спиела со двајца мажи додека тој бил отсутен и сака да ја прекине врската. Истотака, напишала и дека ги сака своите фотографии назад.

Маринецот место да и пише писмо со навредувачка содржина решил да ја изигра досетливо. Започнал од своите другари да бара фотографии од жени, кои ним не им биле потребни. Како ги собрал и испратил 25 фотографии на девојката, со облека и без неа.

Во писмото напишал:

„ Не паметам која си ти. Те молам земи ја својата фотографија и врати ми ги останатите“.

Не  знаеме колку е оваа приказна вистинита, но дефинитивно се работи за оригинален начин на одмазда.

 

- Реклама -