Водителскиот пар ќе работи на нов проект

Водителите на „Икс Фактор“ повторно ќе застанат заедно пред камерите.

Актерот Александар Радојичиќ и ТВ лицето Антонија Блаче, ќе бидат водители на новата сезона од „Големиот брат“.

Списанието „Ало“ дознава дека двојката како и во „Икс фактор“ ќе ја замени Ана Грубин, но и Маријана Мичиќ, кои порано го водеа популарното шоу.

Бидејќи Антонија и Александар одлично се покажаа неодамна како водители, продукцијата одлучи да ги ангажира и за „Големиот брат“.

Моментално во тек се аудициите за новата сезона, на кои до сега се пријавија 15.000 луѓе.

- Реклама -