Водата во пустина замрзува за миг (видео)

Саудиска Арабија оваа недела претрпе едни од најстудените температури, кои во некои делови паднаа под нулата.Некаде температурата се спушти дури до минус седум степени Целзиусови. На Јутуб се појави мал научен експеримент на кој се гледа како се замрзнува водата во моментот кога маж се обидува да ја пролее по песокот.

Медиумите пишуваат дека снимаката настанала во регионот Ал Квасим. Но, видеото треба да се земе со резерва, бидејќи е можно зад него да стојат измамници кои само сакаат да стекнат интернет слава, предупредуваат медиумите.

[youtube]http://youtu.be/o-X2G06GIZs[/youtube]

 

 

Прочитајте и:  Четирите места со најдолговечните луѓе во светот имаат нешто заедничко
- Реклама -