Во стилот на „Педесет нијанси на сиво“: Погледнете во каков лукзуз живее Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо купи нов луксузен стан во Њујорк за неверојатни 18,5 милиони долари.
Фудбалерот на Реал Мадрид, кој се смета за најплатениот спортист на светот според изборот на магазинот „Forbs“, стана сопственик на раскошен стан кој се простира на преку 230 метри квадратни, а се наоѓа во Трамп кулата на Петтата авенија во Њујорк, пишува „Њујорк пост“.

Овој ексклузивен апартман наводно бил инспирација за станот на Кристијан Греј од популарниот еротски роман „Педесет нијанси на сиво“. Претходни сопственици на овој апартман беа Алесандро Прото, италијански магнат и бизнис партнерот Доналд Трамп.

Пентхаусот е изграден 1983 година и нуди спектакуларен поглед на Централ Парк, реката Хадсон и познатите згради на Менхетен. Станот има три спални соби, три бањи и се смета за еден од најпрестижните и најбезбедните во Менхетен.

Магазинот „Forbs“ го прогласи Роналдо за најплатен спортист со заработка од 79 милиони долари минатата година.

Оваа зделка дополнително ги поттикна гласините дека Роналдо планира да се пресели во американската фудбалкса лига, по истекот на неговиот договор со клубот од Мадрид.

- Реклама -