Кога ја снимаше популарната серија „Сексот и градот“, сите гледаа во модните комбинации на легендарната „Кери Бредшоу“, а денес ситуацијата е нешто поинаква.
Сара Џесика Паркер стана мајка пред три години кога со сопругот Метју Бродерик ги доби двете близначки Марион и Табиту. Од нивните први чекори, тие се девојчиња кои папараците не ги пуштаа од видеокругот.
Двете девојчиња почнаа да носат облека која кокетира во трендовите за возрасни, прилагодени со елементи соодветни на детската мода, така што се фотографирани со фустанчиња со линии, кои се особено популарни.