Во станот на Кристијан Греј од „50 нијанси сиво”

Покрај филмот „50 нијанси сиво” зградата Ескала во Сиетл е позната како „најсекси станбена зграда во светот”.

Во неа се наоѓа станот на главниот лик во книгата и филмот – Кристијан Греј. Во моментов може да го изнајмите станот, по цена од 260 долари од вечер, покажува сајтот Airbnb.

Ако сакате да купите стан во оваа зграда, имајте на ум дека цените почнуваат од 1 милион долари. Станот, кој во моментов се дава под наем, има 1 спална соба, две луксузни бањи и површина од 93 квадратни метри. Од него има прекрасни глетки кон Сиетл.

Изнајмување на станови од оваа зграда дава пристап до спа центарот, киното и другите атракции во зградата.

Како и повеќето луксузни згради во САД и тука постојат строги барања кон станарите. Не се дозволени домашни миленици, а и пушењето внатре е забрането.

Верните фанови на книгата, сепак, можат да бидат разочарани – тука недостасува „црвената соба”, која е уметнички додадена. Погледнете како изгледа станот на Кристијан Греј:

ap1(20) ap2(19) ap3(17) ap5(13) ap6(12) ap7(9) ap8(8)

- Реклама -