Во Собранието повторно ратификуван Договорот од Преспа

Во Собранието на РМ денеска повторно беше ратификуван Договорот за спорот со името со Грција, со 69 гласови „за“ и еден „против“. Како и претходниот пат, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа на оваа собраниска седница.

Тие преку соопштение на генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, го повторија својот став дека ваквиот закон за ратификација на договорот е противуставен и незаконски и не е во согласност со државните интереси на Македонија.

– Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да биде соучесник во капитулацијата, во кршењето на процедурите, напротив ние жестоко се противиме на сето ова – изјави пред глсањето Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Е.Д.

- Реклама -