И во Скопје има таленти: Aqua Dance Club со нови видеа

Секојдневно се повеќе и повеќе таленти од Македонија излегуваат од сенка, па така, нам ни претставува огромна чест да го забрзаме овој процес онолку колку што можеме. Така, овој пат ви ги претставуваме и најмладите членови од Aqua Dance Club-от, кои танцуваат по кореографијата на Леонардо Хусеини. Видеото е снимено во паркот Јане Сандански во Аеродром.


Во нивното второ видео објавено неодамна, ја гледаме понежната половина од Aqua Dance Club, кои танцуваат според кореографијата на Јана Петровска.

Во третото видео го гледаме Бенџамин Џафери кој низ игра се обидува да пренесе порака за тоа како „знаењето е моќ“.

365.com.mk со задоволство сака да им помогне на младите креативци ширум земјата во нивното промовирање на вештините и талентот. Така и понатаму со задоволство ја следиме работата на Aqua Dance Club-от од Скопје.

- Реклама -