Кој размислува за развод? Оваа убавица го привлече вниманието во секси краток фустан и не ја тргна насмевката од лицето.
Пола Патон и Робин Тик наодамна објавија дека се разведуваат, но се чини дека Патон сосема добро се справува со љубовните проблеми.
Актерката изгледаше сензационално во мини, жолт фустан на 2014 Film Independent Spirit Awards. 38-годишната убавица ги покажа своите долги, витки нозе, а нејзината насмевка не можеше да помине незабележано.
И додека Пола се смееше на црвениот тепих, нејзиниот наскоро поранешен сопруг Робин Тик бара начини како да ја врати својата сопруга.
Всушност, Пола посегна по разводот наводно поради флертувањето на сопругот со други жени. Популарниот музичар неодамна изјави дека неговата разделба од Пола потполно “го затресе тлото под нозете“, и дека ќе направи се за да го спаси својот брак.
Робин и Пола се венчале пред осум години, а се запознале како тинејџери на 14 годишна возраст. Заедно го имаат синот Џулијан. Но, и покрај фактот дека Робин се надева дека ќе го спаси бракот (со букети цвеќиња), Пола се чини дека нема да попушти.