„Ова е свет на Бијонсе, а ние само живееме во него“, рече познатиот новинар за CNN, Андерсон Купер. И не е далеку од вистината, бидејќи светот и понатаму ја слуша музиката на Бијонсе од новиот албум кој ги руши сите рекорди!
Новиот албум на познатата Бијонсе Ноулс Картер ги руши сите рекорди! За само неколку дена продала преку 600 илјади копии, а таа бројка само расте!
Според Billboard нејзиниот нов албум едноставно наречен „Бијонсе“ застана на бој 1 местото во преку 100 земји ширум светот. Бијонсе објави 14 песни и 17 нови музички спотови, и продолжува да ги воодушевува своите обожаватели на својата турнеја Mrs. Carter Show.
На последниот концерт во Чикаго премиерно ја пееше новата песна „ХО“. „Ќе ја отпеам оваа песна, иако е објавена пред два дена сакам и вие да пеете со мене затоа што ја напишав за сите вас“, кажала Бијонсе пред да ја изведе.