Иако „Iron Man 3“ во моментов важи за филм со најголем остварен профит во првата седмица од прикажувањето, сепак, „Аватар“ е и понатаму филм со најголема заработка кога и да било до сега во филмската индустрија, во вредност од 2,8 милиони долари.
Токму заради овој факт Џејмс Камерон се одлучи да направи и второ и трето продолжение, а главната актерка Зои Салдана потврди дека продукцијата ќе започне во првите месеци од 2014-та година.
„Најверојатно ќе ги снимаме двете продолженија во исто време. Доколку ги направиме само првите два дела и потоа повторно чекаме, веројатно сите ќе имаме по 45-50 години кога ќе се одлучи да се започне и третото продолжение. Снимањето трае навистина долго, тоа е тежок процес“, објаснила актерката.
Премиерата на вториот дел од популарната приказна за имагинарната планета е закажана за 2015-та година.