Тие се едни од најбогатите семејства во Холивуд, па кога семејството Кардашиан оди на одмор, се осигуруваат да слетаат во „прегратките“ на лукзузот.
Во изминатава недела целото семејство се релаксираше на прекрасната туристичка дестинација Пукет, Тајланд, уживајќи во тропското време и егзотичните места.
А новите фотографии од внатрешноста на палатата од 150 илјади долари неделно изнајмување, открива раскошна резиденција исполнета со топли бањи во спалните соби и бесконечен базен кој се излива во златниот тајландски песок.
Скапиот ресорт на изнајмување е комбинација на традиционалнат рамка со модерните удобности внатре.
Една од спалните соби изгледа како вселенски простор, во кој има топла бања, кревет со завеса, и панорамски стаклен туш.
Футуристичкото место за спиење е опколено со прозорци со поглед на рајската плажа, со кокосови палми нишајќи се на морскиот ветер.
Надворешната палуба е опкружена со бесконечен базен, кој Ким го искористи во едно од нејзините видеа за време на нејзиниот престој.
Една заедничка област е наполнета со каучи кој висат на мрежи закачени на таванот, создавајќи тропска атмосфера.
И друг интересен потег, дизајнерите на ресортот го опремиле белиот бар со тенки дрвени форми, кој на просторот му дава класична тајландска естетика.
Не е ни чудо што го користат секој момент да се промовираат на ова место, затоа што е идеално.