Во Костарика запленети два тона кокаин

Крајбрежните служби на Костарика започнале голема операција за пресретнување и конфискација на пратка со дрога.

На самиот почеток на акцијата, тие откриле околу 2000 пакети кокаин, спакувани во пакувања од по еден килограм. Дрогата е откриена во четири моторни чамци кои тешко се забележуваат на радарите.

Костариканскиот министер за безбедност, Михаел Сото изјавил дека оваа година биле одземени повеќе од 17 тони наркотици, додека во изминативе 10 дена одземени се вкупно 6.7 тони.

Од латино американските земји, Колумбија и понатаму е еден од најголемите производители на кокаин, а во неа годишно се произведуваат околу 910 тони од овој наркотик.

- Реклама -