Во гардероберот на Кери Вашингтон

Кери Вашингтон е американска актерка, која се одликува не само со талент во филмот, но и со префинет вкус и одличен стил на црвениот тепих. Видете што најдовме во гардероба на Кери Вашингтон.

Слободно може да ја дефинираме актерката  за една од најпознатите модни икони во  последните неколку години, особено откако во 2013-та ја доби титулата на магазинот People за “Најдобро облечена жена во светот” и на Victoria’s Secret за “Најсекси усни “.

Кери Вашингтон има карактеристичен, женствен стил, кој многу ни се допаѓа. Таа практикува светли бои, разновидност,  елегантни фустани и високи потпетици – така накратко може да се опише гардероба на актерката. Ги забележавме и симпатиите кон пастелните тонови и особено праска, како и кон нијанси на розова и корални.

Додади опис

За вечерните настани најчесто ја гледаме  Кери Вашингтон во ефектен долг фустан, а во текот на денот и на световните настапи – во коктел фустани со средна должина. Актерката има очигледни преференции кон цветни мотиви за облеката и змискиот принт за додатоците.

Додади опис

Кери Вашингтон е и една од најпознатите стилски бремени ѕвезди. За разлика од други свои колешки таа едвај алудира на зголеменениот стомак со фустани со висока половината или слободен крој.

Кери е апсолутен фан на чевлите на Кристијан Лоубоутин.

Додади опис

 

Големите чанти дефинитивно не се нејзин тип. Актерката не крие ги симпатиите кон змиската  кожа, затоа често може да биде забележана со слични додатоци.

Што се однесува до накитот, ретко ќе ја видите Кери Вашингтон без убав прстен со скапоцен камен. Дијамантските обетки и нежни белегзии пак ја дополнуваат нејзината визија на  црвениот килим.

 

- Реклама -