Во гардеробата на Марија Шарапова

Во денешната статија во Мозен Зум  ќе разгледаме две елегантни визии на убавата и талентирана тенисерка Марија Шарапова.

Откако Марија заедно со Григор Димитров посети неколку егзотични дестинации, меѓу кои голем број луксузни летувалишта во Мексико, сега тааа повторно се зафати со своите обврски.

Русокосата ѕвезда имаше напорен понеделник. Таа присуствуваше на два настани, на кои што се појави во  елегантни летни визии. За настанот, кој што се одржа на 5-тата авенија во Њујорк, убавата Русинка одбра  портокалово мини фустанче, дело на J. Mendel.

Суптилната облека со длабоко деколте ја дополнува со  потпетици со питонов принт од Rupert Sanderson.

Неколку часа подоцна 27-годишната Русинка се појави на ручек, организиран од списанието SELF, облечена во стилски црн фустан од овогодинешната есен колекција на Chloé.

- Реклама -