Во британскиот “Вип Голем Брат“ има секс на самиот почеток

Дали сме навистина во право кога ни смета „ситната“ голотија која сме ја гледале во реалити емисиите кои се емитувале кај нас?
Судејќи според овие фотографии на кои се наоѓаат учесниците на “Големиот Брат“ кој се имитува во Велика Британија, нашите учесници се мирни како „мали мачиња“.

Само три дена по влегувањето во куќата на “Големиот Брат“, во која учествуваат познати личности, натпреварувачите веќе почнаа да се однесуваат повеќе од опуштено.

Една од нив веќе на првиот ден пијана ги покажувашњ своите гради на цимерите, а друга ги покажа веднаш гаќичките, на самиот старт.

Американската пејачка Јасмин Волк (31) и нејзината цимерка Луиса Цисмен, уживале во топлата купка, а се забавувале и Кејси Бечелор (28) и пејачот Ли Рајан (30).

Иако Ли за време на траењето на шоуто рекол дека нема со никој да се бакнува, не се задржал на својата одлука. Веќе во понеделник вечерта, завршил во креветот на Кејси.

За тоа време, остатокот од екипата ја играле играта „Вистина или предизвик“, а како еден од задачите било едни на други да си ги бакнуваат градите.

- Реклама -