Тие го очекуваат нивното прво бебе кое треба да дојде на свет во секој момент.
Папараците ја уловија среќната двојка на аеродромот во Ванкувер кога 37-годишниот пејач Мајкл Бубле се вратил во прегратките на неговата прекрасна сопруга Луисана Лопилато.
26-годишната убавица беше лежерно облечена во кратко фустанче и виолетов градник и чанта.
Мајкл и посвети песна на аргентинската убавица. Во „Close Your Eyes“ ја искажува неговата голема љубов кон неа, а еден од стиховите е „‘You’re one of a kind/Thank god you’re mine“.
Канадскиот пејач и актерката се запознаа во 2008 година, а се свршија во 2009. Во јануари таа објави дека е бремена. Моделот за долна облека напиша на нејзината официјална страна: „Мајк и јас имаме големи вести за вас“ со снимка од ултразвукот од нивното бебе. Минатиот месец објавија дека ќе добијат син.