И не е толку тешко да застанете рамо до рамо , со филмските ѕвезди, и тоа да се „прошверцате“.
На Јутуб се најде видео од дечко кому токму тоа му успеало, ни помалку – ни повеќе, туку на филмскиот фестивал во Кан. Се што му било потребно за „операцијата“ биле одело и блутут слушалки.
Gonzagtv, каналот на Јутуб, каде е закачено видеото, е специјализирано за „мамки“ на познатите ѕвезди. Имено, каналот идеите за своите скриени камери ги црпи од обожавателите, кои коментираат и предлагаат разни предизвици. Овој пат, бил прифатен предизвикот за влез на Кан, каде учеството е строго контролирано.
Сепак, овој лик се одлучил да глуми обезбедување, па со леснотија влегол кај останатите чувари, при што успеал да влезе на журката, покрај Гвинет Палтроу и Армани. Како се снашол, погледнете во видеото.