Порталот Досие дојде до информациите од обдукцискиот наод, со кои се дефинира причината за смртта на пејачот Влатко Илиевски.
Досие дошле до дел од извештајот од обдукцијата, во кој е наведено дека во крвта на пејачот се пронајдени траги од повеќе опојни дроги, но и од кокаин, како и алкохол. Тој коктел од наркотици и алкохол предизвикал застој на срцето.
Резултатите се испратени до обвинителството кое треба да постапува по овој случај. Како понатаму ќе се одвива истрагата останува да кажат од обвинителството со оглед дека и според луѓе вклучени во истрагата во неговиот автомобил биле пронајдени траги на наркотици.
Како што веќе е познато, пејачот пред да биде пронајден мртов бил со пријатели в кафеана , но откако заминал никој не знае дали се сретнал со некој и кога ги зел наркотиците. Оние што биле блиски со него тврдеа дека иако постојано покажувал насмевка и среќа длабоко во себе страдал од тешка депресија.