Вкусни и посни крофнички

Состојки:

1 кг. брашно

1 квасец

Една и пол шолја (за кафе) масло

1 лажица шеќер

Пола литар вода

За пржење потребно е пола литар масло.

Подготовка:

Се замесува тестото со претходно стасан квасец, со една лажица шеќер, 1 лажица брашно и малку вода.

Се додаваат маслото, шеќерот и водата и се меси тестото се додека не се направат шуплини.

Тестото се остава да отстои 15 минути.

Се расукува кора дебела еден сантиметар.

Се сечат со чаша кругчиња, се додека не заврши тестото. Се оставаат  да стасаат 15 минути.

Се пржат во врело масло од обратна страна. Се вадат на салфетка за да го впие  вишокот масло.

Се служат со мармалад или мед и одозгора се посипуваат со прав шеќер.

 

- Реклама -