Вкусен домашен сладолед од чоколада и авокадо

Во овие топли денови, единствениот десерт кој ви е потребен е студен, чоколаден сладолед, а овој пат ви прикажуваме домашен рецепт кој оди одлично и во комбинација со авокадо.

Состојки:

– 2 зрели авокада
– 8 лажици млеко
– 4 лажици шеќер во прав
– 2 лажици какао
– 60 грама темно чоколадо исечкано на помали парчиња
– 2 лажици масло од кокос

sladoled

Подготовка:

1. Авокадата исечете ги на парчиња, ставете ги во блендер и миксајте додека не постане смесата кремаста.

2. Додадете млеко, шеќер, како во прав. Мешајте во блендерот неколку минути.

3. На пареа растопете ја чоколадата и додадете го и кокосовото масло, континуирано мешајќи.

4. Додадете ја смесата од растопеното чоколадо во блендер и добро измешајте сè заедно.

5. Смесата префрлете ја во 8 калапи за сладолед.

6. Оставете во замрзнувач да отстои најмалку три часа.

Совет:

За полесно да ги извадите сладоледите од пластичните калапи, пред да започнете со вадењето, ставете ги 20 секунди под топла вода, по што со леснотија ќе го извадите сладоледот на стапче.

- Реклама -