Ви дојдоа пријателите без воопшто да ви се најават, а вие немате ништо вкусно подготвено со што би ги послужиле? Ви го прикажуваме овој едноставен рецепт чија подготовка ќе ви одземе 5 минути, и кој освен што изгледа егзотично е и навистина вкусен. За овој таканаречен карамелизиран чамец, ви се потребни само банани, а останатите намирници сигурни сме дека ќе ви се најдат низ кујната.
Состојки:
4 банани
250г. шеќер
1 лажичка ѓумбир во прав
2 лажици сок од портокал
Подготовка:
Излупете ги бананите и пресечете ги на подебели парчиња. Шеќерот растопете го се додека не се претвори во карамела во посветла нијанса и додадете го ѓумбирот и сокот од портокал. Промешајте и оставете уште малку да се карамелизира на тивок оган. Кога ќе почне да потемнува, тргнете го од оган и прелијте ги бананите. Послужете додека се млаки.
Совет:
Десертот декорирајте го со ситно исечкани ореви, бадеми или кикирики, чоколаден прелив или сладолед. Уживајте во вкусот!