Вивијан Џоли Пит се повеќе личи на тато

 

Холивудската актерка и мајка на шест деца, Анџелина Џоли паузата во промоцијата на новиот филм “Unbroken” ја искористи за да ги земе со себе најмалите членови на семејството.

Анџелина е фотографирана во Лос Анџелес со најмалата ќека Вивијен во рацете. Мајката и ќерката го минале денот заедно, а малата Вивијен би можела да тргне по стапките на своите родители, бидејќи веќе играла покрај Анџелина во филм.

Инаку, новото режисерско остварување на Анџелина “Unbroken”, американската публика ќе има можност да го види за католички Божиќ, а нејзините деца Парк и Захар ја следеле на промоцијата во Њујорк.

„Unbroken” ја доживеа премиерата во Австралија, каде што доби измешани критики.

Имено, корисниците на социјалните мрежи веќе го имаа прогласено филмот за „расистички и со клевета кон јапонската нација“.

- Реклама -