Виц: Матичен лекар

Оди жена во клиника на преглед и таму сестрата и вели:

Госпоѓо, вашето име и презиме.

– Јас сум Стојанка Ацевска.

Ќе ве молам книшката, каде ви е упатот?

– Каков упат, каде да побарам упат?

Па госпоѓо, кај вашиот матичен лекар.

– Уф, постојано  го гледам, ама не знам каде му е клиниката.

Како не знаете? Кој ви е матичен?

Па, Доктор Оз.

- Реклама -