Вистински суперхерој: Роберт Дауни Џуниор ги повика децата на премиерата на филмот „Капетан Америка“

Актерот Роберт Дауни Џуниор уште еднаш покажа дека е голем човек, и дека заслужува да толкува еден од суперхероите на Марвел.
Всушност, тој одлучил на својот роденден да повика околу 20 деца, и со нив да ја гледа премиерата на новото продолжение на филмот „Капетан Америка“.

„Нека забавата почне!“, напишал актерот под фотографијата на која позира со децата.

Роберт наполни 49 години, и одлучил дека ова е најдобриот начин да го прослави.

Прочитајте и:  Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска ги освои светските филмски фестивали
- Реклама -