„Анѓелите“ на Victoria’s Secret прошетаа по пистата на најгламурозното модно шоу минатата ноќ во Лондон, и повтроно ја оставија публиката без здив.
Алесандра Амбросио и Адријана Лима ја имаа главната задача да ги претстават моделиоте на долна облека од по 2 милиони долари, и се разбира беа најголемите ѕвезди на вечерта.
Но, големото шоу нема да биде целосно без музичкиот настап, кој секогаш е проследен од најголемите ѕвезди во моментов. Така и оваа година, американската пејачка Тејлор Свифт ја забавуваше публиката и имаше привилегија своето прекрасно тело да го прошета изгледајќи како вистински ангел на Викторија Сикрет, односно во секси долна облека.
Освен неа, среќниците кои добија прилика да пеат меѓу убавиците се пејачите Ед Шеран и Адријана Гранде.