После две години од нејзината смрт, братот на Ејми Вајнхаус, Алекс Вајнхаус, меѓу нејзините лични работи го пронајде нејзиниот детски морнарски дуксер. Станува збор за нејзината униформа од основното училиште кој ќе биде претставен на изложбата посветена на починатата пејачка.
„За многу нејзини проблеми е одговорна изненадната слава. Како тинејџерка таа се разболе од булимија, со која потоа се справуваше до крајот на животот. Се сеќавам како кога имаше 17 години се дружеше со група на девојки кои откако јадеа, повраќаа. Сепак, подоцна, тие престанаа со ова, но не и Ејми. Сите знаевме дека се уште го прави тоа, но за нас беше нерешлив проблем. Тоа е една навистина мрачна, мрачна тема“, раскажал Алекс.
„Ејми многу патеше заради булимијата. Тоа не е никакво откритие, доволно беше само да ја погледнете. Со оглед на тоа како живееше, на крајот секако ќе умреше, но булимијата беше она што ја уби. Тоа е навистина ужасно. Мислам дека заради тоа беше слаба и пречуствителна. Да немаше пореметување во изхраната ќе беше физички и психички посилна“ – додал братот на Ејми кој воедно ја опишал како сосема обична личност, дарежлива и со големо срце.
Негов омилен предмет од изложбата наречена „Семеен портрет“ е токму дуксерот од детството на Ејми Ванхаус.