Марк Бел – финансиер, продуцент и извршен директор на сајт за возрасни, ја продава вилата со во Флорида, каде очигледно го живеел животот од своите соништа.Огромната, луксузна и уникатна вила се наоѓа во градот Бока Ратон во Флорида и е достапна за секој кој што има да издвои 35 милиони долари. Ова е најскапата вила која некогаш се продавала во овој град.
Палатата е во медитерански стил. Опколена е со палми, дизајнот зборува за класичен вкус, а ентериерот за манијата по култните филмови во историјата на филмската индустрија.
Куќата располага со осум спални соби и неколку тематски декорации во стилот на играта Call of Duty, Star Trek и Star Wars.
Има домашно кино, кошаркарско игралиште, посебна просторија за видео игри , одлично опремен бар и уште многу други интересни идеи што го чинат овој дом уникатен.