Викторија Бекам е една од познатите дами, која негува голема љубов кон минимализмот.
Пош спајската строго се придржува кон овој афинитет како во личниот стил, така и во креациите во модните колекции. Но како што знаеме, секое правило има свој исклучок и Викторија го докажа тоа со стилската визија која што ја демонстрираше пред неколку дена во Њујорк.
Бекам се прошета низ улиците на Големото јаболко, облечена во нетипично здолниште за нејзиниот стил со цветни елементи.
Предметната облека со нежни бледорозови цветчиња е дел од овогодинешната пролетна колекција на нејзиниот бренд. Здолништето беше искомбинирано со бела маица и ефектни сандали на висока платформа.
Прецизно, ова не е прв пат, Викторија да се појавува со тоалета со колор принт, но вистината е дека овие случаи се бројат на прстите на двете наши раце.