Фергусон: Викторија го уништи Дејвид Бекам

Љубовта на Дејвид Бекам кон сопругата Викторија го чинеше успех во фудбалската кариера, тврди Сер Алекс Фергусон.

Во контроверзната автобиографија славниот тренер го критикува поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација затоа што дозволил брендот Бекам да го засени неговиот талент на теренот. Нивниот однос, а тоа беше татко-син однос, пукнал кога Дејвид поверувал дека е поголем од својот клуб и од својот тренер, тврди Фергусон.

victoria-posh-beckham-david-quote-3-6-07

„Ми стана голем проблем кога се вљуби во Викторија. Тоа смени се“, рекол поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед.

„Се чувствував непријатно поради ѕвездениот аспект на неговиот живот“, рекол тој истакнувајќи дека зад тоа стои Викторија, без која Дејвид би станал една од најголемите легенди на Манчестер Јунајтед, но не и глобална суперѕвезда.

david-beckham-manchester-united-sir-alex-ferguson_2941226

Најуспешниот фудбалски тренер во неговата книга „Мојата автобиографија“ пишува и за другите играчи на Манчестер, но кон Бекам е посебно строг затоа што го чувствувал како свој син.

Така, го обвинува дека желбата за селебрити статус му ја убила работната етика, а тоа почнало со промените на фризурите кои му станале поважни од фудбалот.

„Во тоа време бев очаен затоа што гледав како го голтаат медиумите и ПР менаџерите“.
Нетрпеливоста кулминирала кога Фергусон, незадоволен од играта на Бекам против Арсенал во 2003 во соблекувалната го удрил со чизма во челото.

article-2321259-00639F3000000258-834_634x373

„Сакаше да стане и да тргне кон мене, но останатите играчи го запреа. Седни, му реков, ти ги зафркна твоите момчиња“.

Следниот ден Фергусон го повикал Бекам кај него во канцеларија, а фудбалерот тогаш не кажал ни збор. За 24 часа приказната беше во медиумите, а Бекам во јавноста ја истакнувал повредата. За само неколку денови Фергусон одлучи дека Бекам мора да си оди од клубот.

article-2321127-005FBD3500000258-163_634x374

Причина? Дејвид верувал дека е поголема ѕвезда од клубот и од својот тренер.

„Дејвид помисли дека е поголем и од Алекс Фергусон. Во тоа не се сомневам. Тоа за него беше смртно ѕвоно“, пишува Фергусон.

„Можеби во еден момент во животот ќе почувствува потреба да каже: Згрешив“, пишува Фергусон.

- Реклама -