Сладок алкохолен пијалок за секоја прилика!
Ретко кој не сака да пие ликер. Дури и жените кои не преферираат алкохол, не можат да одолеат на прекрасниот и густ, сладок ликер. Чаша или две во комбинација со убав колач, вечера или на некоја убава прослава – нема ништо поубаво. А кога сакате да се опуштите во домот со добар филм, со пријателите можете да ги изненадите и да го подготвите сами. Погледнете како:
Состојки:
– 500 г. шеќер
– 0,5 л. млеко
– 200 г. чоколадо за готвење
– 0,5 л рум
– 1 ванилин шеќер
Подготовка:
Сварете 500 г. шеќер во еден дел млеко (250 мл. млеко). Варете на тивок оган се додека шеќерот не се стопи сосема. Во преостанатата количина на млекото растопете 200 г. изрендано чоколадо. Промешајте ги чоколадото со шеќерот. Ставете на шпорет да се соединат сите состојки. Тргнете го од оган и додадете ванилин шеќер, па добро промешајте. Кога ќе се олади смесата, домашниот ликер сипете го во шише и оставете го да отстои неколку дена. Пред употребата добро промешајте го, па послужете.
По желба додадете шлаг и уште рендано чоколадо.
Наздравје 🙂