Погледнете како луѓето низ светот ја дефинираат женската убавина

Овие 26 фотографии покажуваат дека не постои начин да се биде убава.

Естер Хониг е 24-годишна радио новинарка во Канзас Сити, Мисури. Но, пред неколку месеци додека работела со интернационални графички дизајнери за нејзината работа, таа добила идеја: Видете како луѓето низ светот ја дефинираат женската убавина.

Таа почнала со испраќање на автопортрет (погоре) до дизајнер во Шри Ланка. „Здраво“, напишала таа, „моето име е Естер Хониг… направи ме да изгледам убаво“. Резултатот бил убава фотошопирана слика од нејзе, со розеви усни и зелена нијанса на сенка за очи. Таа почна да ја испраќа својата слика до фотошоперите во повеќе земји.

Кога уметниците биле збунети околу барањето, Хониг ги замолувала да ја направат да личи како една жените од модни списанија во нивната земја. Сини и зелени очи и осветлена кожа се најчестите карактеристики во резултатите, покажувајќи како „евро-центичните идеали за убавина се во целиот свет“.

Хониг има добиено слики од артисти од 27 земји до сега, а планира да продолжи со овој проект додека може. „Има толку многу да се каже со овој експеримент“, вели таа. „Тоа сум јас, но не сум јас. Тоа се сите“.

Аргентина

Австралија

Бангладеш

Германија

Грција

Индија

Индонезија

Израел

Италија

Кенија

Мороко

Пакистан

Филипини

Романија

Србија

Шри Ланка

Велика Британија

Украина

САД

Венецуела

Виетнам

- Реклама -