Новиот спот на Мајли Сајрус протече во јавноста малку порано…
Новиот спот за песната ‘Adore You’ на Мајли Сајрус излезе во јавноста малку прерано.
Иако младата пејачка го најавила спотот во текот на целата недела со провокативни најави, очигледно имала други намери што се однесува до конечното објавување на целиот видео спот.
Во клиповите кои ги објавила, Мајли облечена само во градник и гаќички, се тркала по кревет, под чаршавите и се допира.
На својот Твитер профил се обратила на своите фанови, но се чини дека тоа на неа сепак не ѝ смета што е обавено видеото прерано. Ќе ве шокира ли и овој пат?