Фичо ќе подготви лепчиња со маслинки кои можете да ги јадете само намачкани со путер, или да направите вкусни сендвичи.
Подготовка
Чекор 1: Во сад за матење ставете го брашното, додадете го путерот и протријте го низ брашното.
Чекор 2: Во чаша ставете ја водата, додадете го квасецот и промешајте да се раствори.
Чекор 3: Додадете прстофат сол и шеќер, јогуртот и растворениот квасец. Додадете ги и маслинките и замесете убаво тесто. Оставете го да стаса 20 минути.
Чекор 4: Поделете го тестото на 4 делови, формирајте топчиња или лепчиња по ваш избор. Пред печење премачкајте ги со млеко за да добијат убава боја. Печете ги во загреана рерна на 200 степени 15ина минути.
Чекор 5: Сервирајте!
СОВЕТ: Доколку сакате можете веднаш да го направите сендвичот на Фичо. Пресечете ги на половина, премачкајте ги со крем сирење, наредете димена шунка и парче гауда.