Подготовка:
Чекор 1: Од готовиот пандишпан исечете форми со модла за колачиња. Количината на колачињата и пандишпанот е по ваша желба.
Чекор 2: За кремот изматете ги белките со шеќерот и додадете рум за да го оформите вкусот. Оставете го кремот во фрижидер да се зацврсне. Извадете го од фрижидер и додадете го маскарпонето. Измешајте ги убаво да се соединат.
Чекор 3: Филувајте ги колачите: пандишпан, фил, пандишпан. Големината на колачите е по ваша желба.
Чекор 4: Растопете го чоколадото, колачите наредете ги на решетка и прелејте ги со чоколадо. Можете да користите и бело чоколадо по желба.
Чекор 5: Сервирајте!
СОВЕТ: Доколку сакате колачите можете да ги декорирате со чоколадни трошки, срциња, или по ваша желба.