Оваа торта е вистинска магија!
Подготовка
Чекор 1: Ставете на пареа да се растопи 60 грама чоколадо.
Во миксерот матете 180 грама омекнат путер и 180 грама шеќер, додека не добиете пенаста смеса. Додадете 5 јајца едно по едно, па малку по малку од стопената и изладена смеса чоколадо.
Чекор 2: Ставете ги сувите состојки во еден сад – 180 грама брашно, 1 прашок за пециво, 30 грама какао, 2 лажици лебни трошки и сè заедно просејте го со сеалка. Така ќе добиете сунѓерест пандишпан.
Лесно промешајте ја смесата од сувите и течните состојки, па сипете ја во округлата тава за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени, 40 минути.
Чекор 3: Јагодите исечкајте ги на четвртини или поситно зависи која големина се.
Во миксерот ставете 200 мл слатка павлака и матете ја додека не добиете кремаста смеса. Павлаката подобро се мати ако е ладна.
Чекор 4: Растворете 1 кесичка желатин со малку вода на пареа. Потоа додадете 200 мл јогурт и измешајте го со желатинот. Откако ќе се спои смесата од јогурт додадете ја во кремот од слатка павлака и лесно промешајте.
Додадете ги јагодите и промешајте со шпатула, колку да се изедначи смесата. Оставете ја 15 минути во фрижидер малку да се стегне.
Пандишпанот исечете го на две кори и филувајте со кремот од јагоди.
Чекор 5: На пареа ставете да се растопи 150 грама чоколадо и додадете малку ароматично виски (по желба). Додадете 75мл вода и мешајте додека смесата не се растопи. Доколку ви излезе премногу густа смесата, можете да ја разредите со малку зовриена вода. Оставете ја глазурата малку да се олади.
Прелејте ја тортата и ставете ја во фрижидер да се олади најмалку 2 часа.
Чекор 6: Пред сервирање декорирајте со рендано чоколадо и половинки од јагодите.
СОВЕТ: Многу е важно желатинот да се раствори во млака, не ладна течност, за да може да се зацврсти.
Прочитај повеќе: http://moirecepti.mk/post/torta-jagodi-cokolado/#ixzz31TzxSqnP