Овој пат подготваме топчиња од туна и корнфлекс.
Подготовка
Чекор 1: Сите состојки ставете ги во сад и со рачен блендер испасирајте ги додека смесата не стане еднолична. Со рака формирајте топчиња и валкајте ги во брашно.
Чекор 2: Во Вок тавата ставете поголема количина на масло и кога ќе биде загреано пропржете ги топчињата многу кратко од сите страни, колку да фатат коричка.
Чекор 3: Додека топчињата се ладат, пригответе го сосот. Кечапот, мајонезот измешајте ги со малку оригано, сол и Ворчестер сос по желба – и сосот е готов.
СОВЕТ: Смесата за топчињата може да ја користите и како паштета, намачкана на леб.