Видео рецепт: Сoлени кетеринг тортички

Шарени солени тортички, со спанаќ, магдонос и црвен пипер во тестото, полнети со фил од крем салата.

ketering-a411c8-800x450

sostojki1 sostojki2 sostojki3

Подготовка

Чекор 1: Најпрво обарете го спанаќот, и сварете ги морковите и јајцата за филот.

Чекор 2: Со миксер изматете ги јајцата за првото тесто, заедно со маслото, павлаката и прашокот за пециво. Исечкајте ги спанаќот и магдоносот, додајте ги во смесата и добро промешајте. Печете го 10 минути во загреана рерна на 180 степени. Извадете го печеното тесто и оставете го да се олади.

Повторете ја постапката со второто тесто, каде што ќе додадете црвен пипер или 1 голема лажица ајвар.

Од изладените теста вадете кругови со големина по желба. Нам ни излегоа 10 тортички.

Чекор 3: За подготовка на филот исечкајте ги ситно шунката, кашкавалот, морковот и јајцата. Изматете ги урдата, кајмакот и павлаката, па додајте ги останатите состојки и зачинете по вкус.

Чекор 4: Филот нанесете го на зеленото тесто, па поклопете со црвеното тесто и израмнете.

Чекор 5: Горниот дел декорирајте го со павлака, маслинки и магдонос, или само премачкајте го тестото со павлаката за да не се суши. Сервирајте!

СОВЕТ: Доколку сакате тортичките може да ги направите на три спрата, со светло тесто во кое ќе ставите рендано сирење наместо спанаќ, магдонос или црвен пипер.

- Реклама -