Солена торта со фил од фета сирење, павлака и мелени апетисани – ф`стаци, бадеми, лешници, индиски ореви. Ова е навистина раскошна торта!
Подготовка
Чекор 1: За подготовка на тестото, најпрво изматете ги јајцата, па додајте ги другите состојки и рамномерно изматете. Истурете го во тавата и печете го на температура од 180 степени, 20 минути.
Чекор 2: За подготовка на филот најпрво сомелете ги ситно апетисаните. Потоа издробете го сирењето и измешајте го со павлаката. Додајте ги мелените јатки и ситно исечкан копар по желба, па измешајте еднаква смеса.
Чекор 3: Нанесете го филот врз тестото малку како купола, па премачкајте го со тенок слој павлака, за да не се суши. Декорирајте со павлаката, а потоа со маслинки, копар и шери домати. Бидете креативни!
Чекор 4: Оставете ја тортата во фрижидер да отстои 2-3 часа. Потоа сервирајте парче на чинија за торта.
СОВЕТ: Ние во филот не додадовме сол, бидејќи сирењето и јатките беа солени. Наместо фета сирење, може да употребите и урда, а и некој зачин по желба.